Метео анализа на Славчо Попоски:
Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, утре (петок) особено во северните предели, а за време на викендот, особено утре на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град.
Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопската котлина денес (петок) како и за време на викендот, особено утре во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.