На 1. август 2024 година, во 10:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од страна на 50-годишно лице од Република Австрија и патничко возило „Поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишно лице од Охрид, како и паркирано товарно возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 43-годишната сопатничка од возилото „Поло“, констатирани во Општата болница Охрид,
а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Фолсваген“ и неговиот 50-годишен сопатник, како и уште едно лице, 22-годишната сопатничка од возилото „Поло“ од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.