Силно невреме го погоди овој македонски град – објавена мапа во кој правец се движи нестабилната облачна маса

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме, информираат од УХМР.

ПОСЛЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УХМР

Велешкиот регион зафатен со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд ,грмежи и засилен ветер.

Наместа е можна појава на суградица. Нестабилната облачна маса се движи кон Свети Николе и Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде