Тешка сообраќајна несреќа: Се судрија три возила, има повредени

Денеска (03.08.2024) во 06.55 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, во која учествувале патничко возило „пежо” со албански регистерски ознаки,

управувано од В.Т.(41) од САД, со престој во Дебар, патничко возило „ауди” со германски национални ознаки, управувано од Ф.М.(31) од Германија и патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Е.О.(29) од Гостивар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката Р.Т.(41) од Дебар, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, стои во денешното соопштение на МВР.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде