Трагичен крај на потрагата: Томе Божиновски пронајден мртов

По петдневната потрага 85-годишниот Томе Божиновски е пронајден мртов, соопшти неговото семејство.

-Драги соседи, пријатели, познаници огромна благодарност што изминатите 5 дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно.

Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело, се вели во објавата од семејството.

Томе Божиновски, кој боледувал од деменција, излегол од домот од Тафталиџе рано утрото на 29 јули од кога и се трагаше по него.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде