Трагедијата се случила денеска околу 17 часот, на пат кон Фиренца.Во сообраќајката учествувале туристички автобус, комбе и четири автомобили. Еден од повредените со хеликоптер е пренесен во Фиренца, јавуваат локалните медиуми.
На лице место интервенирале противпожарни екипи и брза помош.
Делницата од автопатот е затворена и пријавени се редици возила кои чекаат, додека повредените се пренесени во блиските болници.
Според првите информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал од патот, при што налетал на предниот дел и ја пробил заштитната ограда.
Како што може да се види на фотографиите од местото на настанот, металната конструкција поминала низ целото возило.
❌ #Arezzo, incidente stradale sulla #A1, al km. 360 in direzione Firenze all’altezza di Badia al Pino: coinvolto un pullman con 25 turisti. Un deceduto, 15 feriti. Intervento #vigilidelfuoco in corso per estricazione feriti. Sul posto elicotteri Arezzo e Bologna [#4agosto 18.00] pic.twitter.com/fks6IJ8KXn
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) August 4, 2024