ВОНРЕДНА ВЕСТ Министерство за надворешни ги повикува сите наши државјани веднаш да ја напуштат Либан

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во првата можна прилика.

„Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел. 

Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

Подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следната веб страна (се отвора само преку серверите на територијата на Израел): https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx​ “, се наведува во соопштението.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување, информира МНР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде