Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Скопје, од с.Дворце кон с.Радуша, општина Сарај, возило „БМВ“ управувано од А.З.(20) од село Сарај, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ш.С.(19) од село Радуша и С.А.(34) од село Сарај,
а со телесни повреди се здобиле возачот А.З. и уште двајца сопатници Б.М.(18) и еден малолетник, двајцата од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.