Регионот тагува: Имаше само 47, почина познатиот актер

На 47-годишна возраст ненадејно почина црногорскиот актер Стеван Радусиновиќ. Стеван глумеше во серијата „Наша мала клиника“, а од него сега се простија многу колеги.

“Стив, одѕвојува молк. Непребол. Твојот неверојатен талент и љубов за секого. Те сакам – напиша актерката Бранка Оташевиќ, додека актерот Павле Поповиќ објави своја слика и стави емотикон со скршено срце.

Дипломирал на актерската академија во Цетиње

Стеван Радусиновиќ е роден во Подгорица. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Цетиње во класата на Бор Стјепановиќ. Член е на Црногорскиот народен театар од 2001 година.

Играше во повеќе претстави меѓу кои “Lažni car Šćepan Mali”, “Smrtni grijesi”, “San ljetne noći”, “Višnjik”, “Don Žuan”, “Prosidba i medvjed u jednom činu”, “Ribarske svađe”, “Šćeri moja”, “Zločin i kazna”, “Art Export”, “Rasprava”, “Očevi su grad(ili)”, “Predstava Hamleta u selu Mrduša Donja”, “Kozocid”, “Ja sam ona koja nisam”, “Ženidba”, “Ivanov”…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде