Вчера во 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки,
управувано од 39-годишниот С.Д. од Охрид, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.