Трагедија го потресе регионот: Татко без возачка дозвола го возел својот син на мотор, двајцата го загубиле животот

Хрватската полиција ги објави деталите за несреќата во која животот на мотор го загубија татко и син вчера во Бјеловар.

Пред да се стекне со право на управување, 32-годишникот преку Кегљевац управувал нерегистриран и неосигуран мотоцикл, со дете како сопатник на моторот, соопшти полицијата.

Таткото во кривина изгубил контрола над мотоциклот, поради што моторот паднал и се лизнал на коловозот,

а мотоциклот удрил во предниот дел на автомобил со бјеловарски регистарски таблички управуван од 39-годишен маж, кој патувал од спротивна насока, објаснуваат од полицијата.

Во моментот на несреќата возачот на мотоциклот не носел заштитен шлем, додека детето сопатник на мотоциклот носело заштитен шлем. Во незгодата на местото на настанот починале 32-годишниот возач на мотоцикл и детето сопатник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде