„Одмори мајсторе, никогаш нема да бидеш заборавен“ – Велкоски и Васоски се збогуваа со големиот другар

Почина поранешниот играч и тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ (48).

Ушчуплиќ бил погоден од гром додека планинарел со своето друштво на планината Зеленгора на југоисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Оваа вест ги шокираше сите навивачи на Сараево, но и останатите фудбалски фанови во Босна и Херцеговина.

Ушчуплиќ е роден на 18 август 1975 година, а сениорската фудбалска кариера ја започна во 1995 година во Сараево, откако мина низ младинските категории во Жељезничар. Подоцна го облече и дресот на Олимпик.

Се повлекол во летото 2002 година на 27-годишна возраст поради хронична повреда на коленото. Потоа работел како тренер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде