Рано утрово во Клоштар Иваниќ во централна Хрватска се случила сообраќајна незгода во која автомобилот се извртел на покривот, а претходно влетал во двор од куќата.
За несреќата на Фејсбук известија пожарникари на ЈВП Иваниќ-Град. Од фотографиите на пожарникарите се гледа дека возачот со своето возило уништил речиси половина од дворот.
„Интервенција утринава – во 5:30 часот во Жупанискиот противпожарен оперативен центар е добиена пријава за пожар на возило, возило на покрив и едно лице во возилото.
По пристигнувањето на местото на интервенцијата било утврдено дека возилото само чади, што малку ја олеснило интервенцијата. На интервенцијата со нас беа ДВД Клоштар Иваниќ, Итна медицинска помош и полиција.
Откако лицето било извадено од возилото, било ставено на носилка и превземено од медицинските служби. ДВД Клоштар Иваниќ останал на местото на интервенцијата заради обезбедување и спроведување на увид на полицијата“, соопштија пожарникарите.