Тажната вест ја објави д-р Сашко Николов од штипската болница.
„Се додека не изгубиме некого, не знаеме што сме имале…
Човек планина,
човек за сите,
човек што сам се издигна во професионалниот свет, стана најдобар кардиохирург, доктор, човек , сопруг, татко, другар и пред се огромен човек кој помагаше на сите знајни и незнајни луѓе.
Ќе се јавеше и ќе кажеше:
Саше абе овај ми е близок да го оправеш во Штип, ама забрави како се викаше …
Е тоа беше нашиот Д-р Кирил Пенов!!!
НЕКА ТИ Е ЛЕСНА ЗЕМЈАТА БРАТ МОЈ
ЌЕ НЕДОСТИГАШ …“, напиша Николов на Фејсбук.