Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Грција.
Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на околу сто километри од Солун и на длабочина од 15 километри.
Засега не се знае дали има материјална штета или повредени.
Во последните 48 часа во тој регион на Грција се забележани најмалку десет земјотреси.