На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на Југославија и на независна Македонија. Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.
Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Лазар Лечиќ имал и неверојатна национална кариера како тренер во Југословенската репрезентација. Најголем дострел му е златниот медал од Светското првенство во Љубљана во 1970 година, како прв помошник на селекторот Ранко Жеравица.
Тој, исто така, имал големо влијание и во доминантните години кога Југославија со освои медали на неколку турнири како ФИБА Евробаскет, Средоземни игри и Балканско првенство. Тој ја водеше и Југославија на Европското првенство во кошарка за млади во 1971 година.
За Лечиќ е снимен 11-минутен филм што ги следи неговите емоционални реакции и гестови на тренерската клупа. Тој е дел и од документарецот „14 гневни“, кој зборува за најдобрите тренери од просторите на поранешна Југославија Во 2015 година ја добива државната награда „8 Септември“.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.