Локална нестабилност со пороен дожд и грмежи во крајните североисточни планински подрачја, објави УХМР.
Времето утре: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од недела до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура.
На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.