Пороен дожд проследен со ветар и слаб град денес попладне го зафати делчевскиот регион.
Врнежите се најизразени над градот Делчево, а од поројниот дожд најмногу настрада улицата која пред една година беше зафатена од поплави.
Од ветрот настрада и дел од покривот на деветолетката Ванчо Прке.
Поради обилната вода на Булевар Македонија, полициско возило околу половина час ги насочуваше возилата по алтернативна траса.
Во моментот сообраќајот е нормализиран и истиот се одвива без задржување.