УХМР објави мапа: Нова нестабилност влезе во Македонија – еве во кој правец се движи

Невреме проследено со врнежи од дожд и град зафати попладнево неколку села од Поткожувјето, што сега спаѓаат во кавадаречка општина, а своевремено беа дел од локалната самоуправа Конопиште. 

Горна Бошава е само едно од селата коe беше зафатено од невремето. Селото е оддалечено четириесетина километри од градот Кавадарци.

Мештаните велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од градобијните зрна.

УХМР со последна вест:

Нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во Гевгелиско. Нестабилната облачна маса се движи кон Дојран

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде