Поплавени улици, објекти и домови: Силно невреме попладнево во овој македонски град

Обилните врнежи од дожд кои денес околу 14 часот го зафатија Делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3, објави попладнево Делчево 365.

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево.

Извор: Делчево 365

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде