Според сѐ уште непотврдени информации, лицето коешто утрово застрела човек на паркингот кај трговскиот центар Мавровка, локацијата ја напуштило со автомобил со белгиски регистарски таблички, пренесува тв Алсат.
Информациите се дека пред да биде извршено убиството, сторителот го отворил багажникот на автомобилот на жртвата, од таму извадил пакет, а потоа пукал кон човекот.
Познато е и тоа дека возилото, марка пежо е сопственост на приватна фирма.
МВР засега се уште нема официјална информација за настанот.