Македонска Каменица утринава под вода, дождот кој започна обилно да врне од 3 часот ноќеска сеуште трае
Уште од изминатата ноќ, па се до утринава Македонска Каменица беше зафатена од изразено влажна и нестабилна воздушна маса која беше во склоп со циклонската активност со центар над Италија, објави Славчо Попоски.
Токму ова услови во Македонска Каменица да има обилен пороен дожд, грмежи и ветер.
Обилните врнежи во овој дел од државава условија и поплавувања.
Инаку, поголем дел од источните предели од Македонија рано утринава беа зафатени од поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на изминатата ноќ нестабилност со дожд и грмежи имаше и во Скопскиот регион, централниот и во западниот дел од државава.