ОГРОМНА ТАГА Почина познатиот српски пејач

Пејачот Никола Николиќ Џони почина на 51-годишна возраст, а од него се простуваат неговите блиски.

Имено, тажната вест за смртта на пејачот беше објавена на Инстаграм.

– Многу тажна вест. Нашиот Никола Николиќ – Џони не остави. Ужице и Србија останаа без голем музичар и уметник, но пред се добар човек. Искрено сочувство до семејството. Ужице тагува, пишува во објавата.

Никола Николиќ Џони беше пејач и мултиинструменталист, композитор и текстописец. Роден на 19.12.1973 г. во Ужице. Со поп рок музиката се занимава повеќе од 20 години. Има повеќе изданија за Magic records и PGP RTS.

Беше препознатлив по моќниот глас, а покрај талентот за пеење, важеше и за еден од најталентираните музичари на српската сцена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде