Страотни сцени од местото на несреќата: Мотоцикл удри во автомобил во кој имало семејство со две деца

Возачот на мотоцикл А.К. (23) и сопатникот Ќ.А.(17), се повредени кога се судриле со автомобил „пасат“, во кој се наоѓале семејството на В.С. и Д.С. со две малолетни деца на возраст од 8 и 5 години. Децата се повредени.

Како што објави „Информер“, сообраќајната несреќа се случила вечерва на патот Нови Пазар – Тутин во соседна Србија.

– Се сомнева дека несреќата се случила кога група од пет мотори се движела со голема брзина од правец на Нови Пазар кон Тутин.

Возачот на моторот А.К. ја престигнал колоната во тунелот, изгубил контрола и директно се судрил со пасатот во кој се наоѓало семејството – изјавил извор на „Информер“, запознаен со случајот.

На местото на настанот брзо пристигнале пожарникари, брза помош и полиција.

Повредените веднаш се пренесени во Општата болница во Нови Пазар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде