Водителот, радиски спикер и актер Љубо Јелчиќ почина на 95-годишна возраст.
Ја водеше првата програма на загрепската телевизија, далечната 1956 година. Зад себе остави бројни радио и телевизиски емисии, преноси, фестивали.
Роден е на 24 октомври 1929 година. Уште како дипломиран студент на актерската академија и студент по историја на уметност настапува во Народниот театар во Карловац. Очекувајќи работа во загрепската ХНК, Јелчиќ се пријави и на аудиција за радио спикер и победи 700 други кандидати.
Дипломирал на Театарската академија во Белград, а работел како театарски актер во Карловац.
Одбележал многу радио емисии како „Музиката и ние“, „Приказна за спиење“, „Филмски мозаик“ и „Морска вечер“, и телевизиската „Јадрански средби“.
Од 1971 до 1991 година работи во „Радио Загреб“ и ги запознава колегите спикери со работата.
Тој почина во главниот град на Хрватска.