Најмалку 14 лица загинаа, 16 се повредени, а десетина се водат како исчезнати откако автобус со 40 патници од Индија падна во река во Непал, изјави денеска портпаролот на хималајската полиција.
Патиштата во планинските области може да бидат опасни за возачите бидејќи често се тесни, што го отежнува маневрирањето на големите возила околу остри свиоци.
Автобусот, регистриран во Индија, се упатил кон главниот град на Непал, Катманду од туристичкиот град Покара со околу 40 индиски патници, изјави портпаролот Шајлендра Тапа.
Спасувачите извлекоа 16 лица од водите на реката Марсијангди во округот Танахун, на околу 118 километри од главниот град, надојдените од дождовите, рече Тапа.
Deeply saddened to hear about the tragic accident in #Nepal where an Indian passenger bus with 40 people plunged into the Marsyangdi River. In this moment of grief, my heart goes out to the victims and their families. 🙏#BusAccident pic.twitter.com/KrFqNVFUAV
— Parimal Nathwani (@mpparimal) August 23, 2024