Се појави видео од страотната сообраќајка, младо момче се бори за живот

32-годишник се бори за живот на скопските клиники, откако во раните утрински часови сосе автомобил заврши во Вардар, објави ТВ Сител.

Повредениот се движел со преголема брзина од Аеродром кон мостот Мајка Тереза. Сообраќајката се случила на почетокот на мостот, кога со возилото прво ја пробил оградата, по што со возилото завршил во реката.

Сител беше на местото на настанот. На пладне, автомобилот се уште беше во реката, веднаш до кејот на Вардар. Задниот дел беше целосно смачкан, а прозорците искршени. Целосно уништен беше и браникот на кијата.

Местото на несреќата го обезбедуваа полициски службеници, а камерата регистрираше и видно загрижени минувачи.

Надлежните екипи вршат увид на местото на настанот, а откако истиот ќе заврши, согласно протоколите, пожарникарите ќе го извлечат автомобилот од водата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде