Последна вест: Доаѓа невреме – еве кога започнуваат врнежите

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, како што и претходно напоменав  и најавив, во текот на следната седмица постепено нашата територија ќе подпаѓа под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар југоисточно од нас, односно некаде над Грција  и Турција. Поголемо влијание од овој циклон ние ќе имаме особено во втората половина од наредната седмица.

Во ваква ситуација, од понеделник па натака во попладневните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои би условиле појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од среда постепено условите за нестабилност во попладневните часови на повеќе места ќе растат и ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во ваква ситуација, не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие особено во втората половина од следната седмица како што најавив ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Наутро и понатаму останува поприлично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени.

Се на се, искористете го максимално овој претежно стабилен, сув и топол викенд, поради тоа што ни доаѓа нова постепена промена на времеската состојба кај нас. Добро е тоа што оваа промена не доаѓа нагло, туку постепено, и од ден на ден температурите постепено ќе опаѓаат и времето ќе биде се понестабилно, па така и метеопатите полесно ќе ја поднесат истата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде