ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Мицкоски објави колку ќе добијат покачување пензионерите во септември

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека од септември почнува исплатата на 2.500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите,

посочувајќи дека од март следната година ќе ги добијат уште 2.500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето.

„Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5000 денари кои што беа ветени за пензионерите ќе легнат на сметката на пензионерите.

Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година.

Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна Мицкоски. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде