Тажната вест брзо се прошири: Почина познатиот македонски новинар

По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“, објави вечерва Слободен печат.

Неговиот придонес во македонското новинарство е огромен, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.

Тој беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и секогаш се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија воопшто.

Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде