Два земјотреса синоќа ја погодија Грција на неколку минути еден од друг.
Првиот земјотрес беше со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, додека вториот со јачина од 2,5 степени, пренесува ЕМСЦ.
Епицентарот на двата земјотреси бил на околу 26 километри јужно од островот Скијатос.
„Земјотресот беше толку силен што го потресе ресторанот“, „Слушнав крцкање и креветот почна да ми се тресе“, пишуваат жителите на Грција.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.