Еден дел од скенирачите на фискални сметки го добија повратот на ДДВ на своите конта.
Дел се уште немаат средства на сметките, но ги очекуваат до крајот на август, односно во законскиот рок, како што најави Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи изготвила налози за околу 492.000 граѓани. Дел од граѓаните веќе вчера ги имаа парите на сметка.
„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за почнување на исплатата.
За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.
Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот. Тој беше изгласан на 12 август, по што следуваа и реакции на граѓаните за доцнењето на исплатата.