СВЕДОЧЕЊА: 28-години од трагичната слава за Богородица кога гром однесе девет животи (ВИДЕО)

28 години подоцна се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата во која загинаа 9 лица, а над 50 беа повредени, откако гром удри во дворот на Манастирот Богородица во Берово.

Телевизија „Стар“ од Штип пред неколку години објави сведочење на новнарката Љубинка Клинчарска, која прва ја јави веста за трагедијата.

-Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа но за нив ништо не се направи“ , изјави Љубинка Клинчарска, новинарка во пензија од Берово.

Покрај манастирот Успение на пресвета Богородица и денеска ќе се соберат илјадници верници, ќе се заколат 100-ина јагниња и овци и ќе се наложат 100-ина казани со што Малешевијата  ја продолжива вековната традиција на црковно-народниот собир.

Погледнете го видеото:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде