Најнова вест: Познат идентитетот на момчето кое е рането во Арачиново

Доцна синоќа имало пукање во Арачиново, при што младо лице е повредено. МВР го потврди инцидентот, и посочи дека жртвата е пренесена на лекување во клиниката „Мајка Тереза“. 

Престрелката, како што пренесуваат медиуите, се случила околу 21 часот и инцидентот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје).  

Повредениот во пукањето има само 24-години и е жител на Арачиново, чии иницијали се А.И. Оштетениот се здобил со повреди и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. 

По пукањето, брзата помош била веднаш испратена, а А.И. добил првична лекарска помош на местото на настанот пред да биде пренесен во болница. Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврдија дека А.И. е на лекување, но повеќе информации за неговата состојба остануваат недостапни.

Од МВР потврдија дека се води истрага за утврдување на точните околности на престрелката во Арачиново. Властите активно работат на идентификување на сите осомничени и собирање докази за да се разјасни што довело до овој насилен инцидент.

– Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде