Лицето со иницијали Ф.Б е повредено со нож во село Стримница во општина Желина, јавува дописникот на ТВ21.
Од тетовската болница за ТВ21 велат дека истиот веќе е испратен во Клиничкиот центар во Скопје.
Според првите информации од сведоците на терен, Ф.Б претходно му се заканувал на градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу во дворот на џамијата, по што Ф.Б започнал тепачка со друго лице.
Тепачката продолжила во центарот на селото, каде од лицето со кое се тепал бил повреден Ф.Б..
ТВ21 го контактираше градоначалникот Сејдиу, но тој не беше достапен. Од неговиот Кабинет за ТВ21 потврдија дека му се заканувале на градоначалникот, но не соопштуваат дополнителни детали.