Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде е епицентарот

Утрово во 03:39 часот регистриран е земјотрес во Македонија со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на границата кај Мрзенци, во близина на границата со Грција.

Земјотресот се случил на длабочина од 5 километри, а според првичните информации не предизвикал значителна материјална штета. Сепак, жителите околу епицентарот го почувствувале земјотресот и пријавиле тресење на земјата. Нема извештаи за повредени.

Исто така, нешто подоцна Бугарија ја погоди многу послаб земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде