Попладнево тешка сообраќајна несреќа, има повредени

Полицијата извести дека вчера во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ“ управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и возило „форд“ управувано од С.М.(31).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во кавадаречката болница.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде