Извршниот директор на познатата автомобилска компанија „Ауди“ Фабрицио Лонго, кој бил страствен планинар, паднал на повеќе од 3.000 метри,
и загинал вчера во страшна несреќа на само неколку километри од италијанско-швајцарската граница.
Тој се искачувал на врвот Чима Пајер во планините Адамело во северна Италија, кога паднал во близина на врвот, објавија неколку европски медиуми.
Спасувачките екипи излегле на местото на настанот откако друг алпинист бил сведок на несреќата и повикал помош. Хеликоптерски тим го пронашол телото на Лонг.
Констатирана е смрт на лице место. Неговото тело било пренесено во блискиот италијански град Карисоло.