Бора Ѓорѓевиќ почина по тешко воспаление на белите дробови во Љубљана, а ќе биде погребан во родниот Чачак.
Познатиот фронтмен на бендот „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска во болница во Љубљана на 72-годишна возраст.
Бора ќе биде погребан на градските гробишта во Чачак.
Музичарот во една прилика изјави дека би сакал да ги помине последните денови во Чачак, за жал таа желба не му се исполнила, но, како што самиот рекол, „засекогаш ќе остане на падините на Јелица“.
-Сите ние што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица да застанеме во Чачак – изјави некогаш легендарниот рокер.