Претажно: Се огласи менаџерот и ги пренесе последните моменти од животот на Бора Чорба

Јавноста ширум регионот денеска ја потресе веста за смртта на музичарот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибја чорба“.

Рокерот долго време се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, поради што беше хоспитализиран во КБЦ Љубљана, каде што почина на 72-годишна возраст.

Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата, откри детали за битката на Ѓорѓевиќ со тешката болест, а ги спомна и неговите последни моменти во болничкиот кревет.

– Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. 

Белите дробови беа пресудни. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да ги искашла наталожените секрети. Потоа морала да го интубираат. Почина околу четири часот наутро-отрки Бане Обрадовиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде