Вчера во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека била пронајдена 39-годишната Н.Т. почината во својот дом во скопската населба Карпош.
Починатата жена имала здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,
а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.