Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Според радарската слика нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи имаме јужно од Кавадарци и јужно од Кичево во планинските предели.
Слаба нестабилност имаме и на Шара и западно од Берово.