Последна вест: Доаѓа ладен бран па дури и првиот снег на повисоките места во Македонија

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, со оглед на тоа дека најновите излези на најпрецизните прогностички материјали со кои располагаме цртаат голем продор на ладен воздух од север према Балканскиот Полуостров  и Македонија, дефинитивно ова ќе биде циклонот “Убиец на летото” и после оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, повеќе нема да имаме вакви високи летни температури на воздухот.

Почнувајќи од 9.9.2024 (Понеделник), па во текот на целата наредна седмица ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со повремено силен ветер.  Сето ова ќе биде поради формирањето на циклонски систем над Средоземјето, и истиот ќе влијае на времето насекаде на Балканот, вклучувајќи ја  и нашата Македонија.

Во поголем дел од регионот се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, со што можни се  и локални поплавувања, а температурите следната седмица ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината, што значи дека  и тоа како следната седмица ќе ги почиувствуваме првите знаци на есента.

Со оваа промена, поради големиот пад на температурите, на Европските Алпи ги очекуваме  и првите обилни врнежи од снег. Можеби звучи чудно, поради тоа што сеуште е многу рано, но моменталните излези на прогностичките материјали со кои располагаме дури цртаат дека следната седмица ќе има и прво провејување на снег на високите планински места во регионот, па дури и во Македонија.

Се надеваме дека следните излези на прогностичките материјали ќе ја намалат оваа голема промена на времето, поради тоа што навистина она што се црта во моментов на Метеоролошките карти е типично за крајот на месец октомври, како и за почетокот на ноември месец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде