Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Последна вест од УХМР
19:38 часот. Нестабилна облачна маса проследена со грмежи и пороен дожд североисточно од Дебар и северозападно од Струга.
Нестабилност и во Мариовскиот регион.