Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град.