Страотна сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

МВР извести дека вчера е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило

„фиат“ управувано од Б.П.(48) и возило „опел зафира“ управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира“ С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде