ВИДЕО Доцна синоќа силно невреме го зафати овој македонски град

Славчо Попоски утрово објави видео од невремето кое рано утрово го зафати регионот на Радовиш.

„Почитувани, рано утринава од 4 и 30, до 5 и 30 часот силно невреме кое предизвика поројни поплавувања го зафати С. Подареш, Радовишко“, напиша Попоски на Фејсбук.

Огромната промена на времето која со денови ја најавувам, пристигнува утре на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија, и во текот на седмицата ќе донесе големо количество на дожд, па дури и поплави во регионот, а локални поплавувања се можни и во Македонија.

Температурите драстично ќе се намалат и ќе наликуваат повеќе како за ноември месец, а не за септември. На планинските места би можеле да го добиеме и првиот снег за оваа сезона

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде