Пристигна убава вест: Од полноќ поевтини цени на горивата

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.

Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина денар и од утре ќе се точи за 74 денари литар.

За два денара по литар се намалува цената на Еуросупер 98, и неговата нова цена од утре ќе биде 76,5 денари за еден литар.

Дизелот, пак, од полноќ ќе биде поевтин за денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари.

Непроменета остануваат цените на Метанот и на автоплинот, 65 денари за килограм, односно 41,5 денари за килограм.

Цената на Мазутот, од 44,780 денари за килограм, се намалува на 43,507 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде