Две жени се хоспитализирани откако маж ги полил со бензин и ги запалил во Детроит, јави Асошиетед прес.
Нападот се случил вчера, јавува локалната телевизија. Шефот на противпожарната служба во Детроит, Денис Ричардсон, изјави дека жените штотуку пристигнале на своите работни места кога мажот ги полил со бензин и ги запалил со запалка.
Двете жени се пренесени во болница во Детроит со сериозни повреди. Мажот исто така бил хоспитализиран со полесни повреди.
Началникот на полицијата Џејмс Вајт рече дека мажот работел во објектот и неодамна бил суспендиран или отпуштен и верува дека жените се делумно одговорни.
Вајт рече дека очекува да препорача обвинителите да поднесат обвиненија за обид за убиство против уапсеното лице.