Едвај се држеше и пееше: Се појави снимка од последниот настап на Бора Чорба

Смртта на легендата на регионалната рокенрол сцена, Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на групата „Рибља чорба“, го потресе регионот…

Легендата на рок музиката Борисав Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст, во болница во Љубљана по 15 дена жестока борба за живот. Со него до последен момент беше неговата сопруга Дубравка, неговата најголема љубов.

Смртта на великанот го потресе целиот регион, а сега се појави и видео од неговиот последен концерт во Шамац, Босна и Херцеговина. На тој настап, кој се покажа како негово збогување со публиката, Бора ги отпеа своите најпознати хитови  иако во тоа време веќе беше тешко болен.

Во видеото кое сега кружи на социјалните мрежи можеме да видиме како пејачот и покрај кашлицата и видно нарушено здравје не сакал да ги разочара своите обожаватели.

@comi_000 Iz duše si nam pevao! ❤️ #ribljacorba #boradjordjevic #viral #koncert #rocknroll #exyumuzika #exyurock #fyp ♬ original sound – Ćomibrat00

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде